Германија ја доби драмата со Австралија, Црна Гора продолжи да „меле“ на СП

134

Светското првенство полека добива смисла. По оние воведни мечеви без изненадувања денеска сликата се промени. Дербито во групата Е меѓу Австралија и Германија донесе вистински возбудувања, на крајот победата ја однесоа „панцирите“ кои славеа со 83-85 во драматична завршница.

За Германија ова беше втора победа и веќе е во втората фаза, додека пак за Австралија прв пораз.

Мечот изобилуваше со број пресврти, Германија отвори со 0-8, имаше и водство од 5-16, но кога се чинеше дека ова ќе биде досаден меч, Австралија целосно се врати и поведе со 25-22. Во следниот период беше вистинска битка во кога Германците имаа позитива која на одморот изнесуваше 44-49.

Драмата почна некаде на средината на третиот период кога Австралија ја врати позитивата, во самиот финиш оваа селекција неколку пати израмни, но поснаодлива беше Германија.

Трагичар на мечот е Милс кој тргна за победа на својата репрезентација, но Тајс го сопре, по што Германците ја украдоа топката за втора радост.

Шрудер со 30 поени и 9 асистенции беше лидер кај победникот, Ло имаше 20 поени, додека на другата страна Милс имаше 21 поен.

Во групата Д, Црна Гора имаше уште една лесна задача. Овој пат против Египет, без мака дојде до убедлив триумф од 89-74 и засега е лидер во своето друштво. Ова значи дека Црна Гора ќе ја гледаме во следната фаза.

И овој пат Вучевиќ беше лидер, имаше 16 поени и 7 скока, зад неше беше Ивановиќ со 15 поени.

ПретходноИзненадување на Мундобаскетот: Доминикана ја совлада фаворизираната Италија
СледноСпецијалист за драми: Поцеко доби исклучувачка, па направи хаос- летаа закани и пцовки!