Во четврток на 31 август Струга ТЛ ќе го одигра реваншот кај Бреидаблик во рамките на плеј – офот во Лигата на Конференции. Со оглед на тоа дека нашиот шампион на првиот меч во Охрид загуби со 0:1, јасно е дека на средбата во Копавогур, мора да се победи ако се сака да се испише историја, да се најде во групната фаза во Лигата на Конференции.
И она овој меч поради суспензија во тимот нема да биде Марјан Радески, кој беше казнет со два меча поради исклучувањето во Луксембург. Исто така нема да биде во тимот и Вангел Згуро кој во Охрид на првиот меч со Бреидаблик доби трет жолт картон, па тој ќе паузира на еден натпревар.
Добра вест е тоа што стратегот Шпетим Дуро ја “прележа“ суспензијата па сега ќе може на Исланд да го води мечот од клупата.
Да кажеме дека средбата е закажана за 18:45 часот а судија ќе биде Даниел Шлагер од Германија.