Здравков и Брегалница знаат како против “италијанската магија“: Браво за момците, одиграа фантастичен меч!

807

И дефинитивно со Брегалница оваа сезона не смее никој да се шегува. Момците во “сино“ денеска на свој терен одиграа фантастичен меч и му го нанесоа првиот пораз на составот на Брера Струмица. Прекрасен гол на Венегес, но и фантастичен Давковна голот. Прво одбрани пенал за да во судиското продолжение одбрани зицер и му ја спаси победата на својот тим.

Со тоа “италијанската магија“ се загуби во Штип.

По мечот за “Спортспорт“ свој коментар имаше стратегот на “сините“ Горан Здравков:

“Браво за момците, сите честитки одат на нивна адреса. Мислам дека одигравме фантастичен меч посебно во првиот дел. Морам да кажам дека оваа победа е апсолутно заслужена. Покажавме дека можеме секого да победиме“ посочи Здравков.

ПретходноВерстапен не знае за доста…триумф пред своите фанови за нови рекорди!
СледноПо чудото што го направи на Маџари: Сега Шкендија е перфектна, сега Шкендија е лидер!