Изненадување на Мундобаскетот: Доминикана ја совлада фаворизираната Италија

141

FOTO> Dominican Republic Basketball Team

Во второто коло од групата А на Мундобаскетот Доминиканската Република ја совлада фаворизираната Италија со резултат 87:82 и осигура пласман во вториот круг. Дуелот во Манила понуди интересна кошарка. Првата четвртина ја доби Италија со 19:13, кошаркарите на Доминиканска Република го возвратија ударот во втората со 25:20, па така на полувреме Италијанците имаа минимална предност од 39:38.

Во третата четвртина Италијанците тотално се изгубија. Третиот период Доминикана го доби со 17:3 и со високи +13 влезе во последниот период.

Италијанците во финишот стигнаа до -5 меѓутоа немаа сила ни време да направат пресврт.

Доминиканците ги имаа расположените Андреас Фелиз со 24 поени и Карл Антони Таунс со 24 поени и 11 скокови. Кај Италија најефикасен беше Симоне Фонтекио со 17 поени.

Италија во следното коло ќе игра против Филипини. Во другиот меч од групата А играат Филипини и Ангола. Ако Филипи победат во третото коло ќе играат во директен дуел со Италија за втората фаза.

ПретходноТурција суспендира двајца кошаркари кои одбија да играат за репрезентацијата
СледноГерманија ја доби драмата со Австралија, Црна Гора продолжи да „меле“ на СП