Индиецот Чопра го фрли копјето за светско злато (ВИДЕО)

194

Индиецот Неерај Чопра, стана нов светски шампион во фрлање копје на СП во Будимпешта, откако денеска фрли 88,17 метри и и го донесе првиот златен медал на својата земја.

Пакистанецот Аршад Надим го покажа својот талент и одлучност и го освои сребрениот медал со извонреден трет обид и фрлање од 87,82 метри, обезбедувајќи го своето место на подиумот. Третото место и бронзениот медал му припадна на Јакуб Вадлејх од Чешка.

Кенијката со бахреински пасош, Винфред Мутиле Јави, ја освои светската титула на 3000 метри стиплчез на последниот ден на СП во Будимпешта. 23-годишната атлетичарка оствари најдобар  резултат на светот за тековната сезона од 8:54,29 минути.

Второто место го освои светската шампионка од Доха 2019, Беатрис Чепкоеч (Кенија), а бронзена заврши Фејт Черотик (Кенија) со личен рекорд од 9:00,69 минути.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Вест Хем го купи Кудус од Ајакс
СледноФемке Бол и донесе сензационално злато на Холандија во штафетата 4х400 метри (ВИДЕО)