Лудница на “Сент Џејмс Парк“: Њукасл водеше, имаше и играч повеќе, зицери, но Ливерпул победи со головите на Дарвин! (ВИДЕО)

208

 

Неверојатен меч во Премиерлигата во рамките на 3.коло меѓу Њукасл и Ливерпул на “Сент Џејмс Парк“ кој заврши со резултат 1:2.

А се можеше и требаше да биде поинаку, ако домашните имаа барем малку повеќе среќа. Гордон во 25.минута донесе водство за еуфорија кај “страчките“. Само три минути подоцна гостите останаа со играч помалку откако исклучен беше нивниот капитен Вирџил ван Дајк. Се редеа шансите, зицерите пред голот на “редси“, но втор гол немаше па немаше.No description available.

И како што обично се случува во фудбалот следува казна. Прво Дарвин во 81.минута а потоа и во судиското продолжение постигна уште еден гол за победа на Ливерпул.

ПретходноПо чудото што го направи на Маџари: Сега Шкендија е перфектна, сега Шкендија е лидер!
СледноСпектакл: Голеада, пресврти и триумф на Барса! (ВИДЕО)