Втора победа на третиот меч за младиот тим на Мулти Есенс на турнирот во Прилеп, и тоа денеска против составот на Пролет со 29:25. Нема што, за новиот суперлигаш секако дека доаѓаат убави ракометни денови. Со овој триумф составот на стратегот Иван Марковски се пласира во финалето на турнирот “Миле Нешковски“.
Во првиот дел се водеше рамноправна битка, но сепак се замина на пауза со четири разлика за тимот Мулти Еесенс и тоа 16:12.
Во продолежение од средбата Мулти Еесенс продолжи со својот добар ритам, не му дозволи на протовникот да му се закани резултатски за да на крајот славеше сосема заслужено со 29:25.