Наполи сигурен против Сасуоло, Џенова го шокираше Лацио (ВИДЕО)

162

Наполи и Елиф Елмас ја остварија втората сезонска победа во Серија А. Вечерва на домашен терен, актуелниот шампион со 2:0 го совлада Сасуоло.

Двата гола за шампионот беа постигнати по еден во двете полувремиња, благодарение на Виктор Осимен (16′, пенал) и Џовани Ди Лоренцо (64′). Домаќините промашија уште еден пенал преку Џакомо Распадори во второто полувреме, а гостите од Сасуоло беа со 10 играчи на теренот, откако црвен картон доби Максим Лопез (51′) на почетокот на вториот дел.

Елмас почна од клупата и доби шанса во последните 10-тина минути од средбата.

Вечерва изненадување приреди екипата на Џенова која го совлада Лацио со 1:0 на гостувањето во Рим. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Матео Ретеги (16′).

ПретходноУлтрасите на ПСЖ со транспарент против Меси! (ФОТО)
СледноФрлени цигли врз автобусот на Астон Вила на враќање од Барнли