Недановски: Знаев дека ќе играат брз ракомет, се плашев дали ќе издржиме!

992

Вардар 1961 издржа само едно полувреме против Рајн Некар на првата пресметка во битката за место во групната фаза во Европската лига. Македонскиот тим на домашен терен беше совладан со 25-34, откако на полувреме имаше егал (14-14).

Владо Недановски, предводникот на Вардар 1961 потенцира дека буквално ја загубиле главата во вториот дел, брзото темпо кое го наметна противникот, а било очекувано, е причината за немоќта на неговиот тим.

„Рајн-Некар играше 60 минути во силно темпо, а ние не издржавме до крај. Во првото полувреме бевме рамноправен противник, но по 40. минута ја загубивме главата. Знаев дека во вторите 30 минути ќе играат брз ракомет, ми беше страв дали ќе го издржиме нивното темпо и за жал не успеавме“, изјави тренерот Владо Недановски по поразот. 

ПретходноУганда слави: Киплангат победник на маратонската трка во Будимпешта
СледноЈокиќ го блокираше собраќајот во Сомбор за да се забавува со трубачи (ВИДЕО)