ПМФЛ: Брегалница ја “скрши“ Брера, Давков одбрани пенал, што ли испушти Работнички, Шкупи победи, реми во Кратово и Кавадарци!

1649

 

Завршија сите пет средби од 5.коло во ПМФЛ. Како што и се очекуваше наијнтересно беше во Штип, каде Брегалница ја победи Брера Струмица и со тоа и го нанесе првиот пораз сезонава.Победничкиот гол беше дело на Венегас, Стојчевски ја погоди пречката на гостите вио второто полувреме, а во 73.минута Давков му одбрани пенал на Врдољак и со тоа стана херој на “сините“. Тој во 97. Минута прави фантастичен потег, спасуувајќи чист гол и повторно по шут на Врдољак.

Работнички водеше со 1:0 се до 90.минута за да потоа со головите на Дита и Красничи загуби, односно Шкендија победи.

Шкупи со 3:1 славешше над Гостивар, во меч вокој гостиварци имаа сила само за 1:1 да израмнат.

Силекс и Македонија ЃП одиграа 2:2 во Кратово. Исто така реми заврши и дуелот во Кавадарци меѓу Тиквеш и Воска.

Последниот меч од ова коло меѓу Струга ТЛ и Вардар ќе се игра во ноември.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 5.КОЛО

БРЕГАЛНИЦА – БРЕРА 1:0

(Венегас 27./)

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 1:2

(Кагиму 28./Дита 90., Красничи 90+6.)

ШКУПИ – ГОСТИВАР 3:1

(Хоџиќ (п) 26., Сахити 70., Воша 90+7./Потук 64. )

СИЛЕСКС – МАКЕДОНИЈА ЃП 2:2

(Ѓорѓиевски 44.,Каланоски (п) 82./Алексовски 45., Скендери 45+2.)

ТИКВЕШ – ВОСКА 1:1

(Касама 17./Марушиќ 73.)

01.11.2023

СТРУГА ТЛ – ВАРДАР

ПретходноШто се случува со Франција, пораз од Летонија за елиминација од СП!
СледноБојан повторно “тресе“: Миовски со гол од пенал во 90+10.минута му донесе бод на Абердин!