Покетино не си ги знае играчите: О, Господе! Не знам што да ти кажам (ВИДЕО)

157

Челзи во третото коло во Премиер-лигата ја запиша првата победа сезонава победувајќи го Лутон. Тренерот Маурисио Покетино на прес-конференцијата по натпреварот одговараше на прашања на новинарите, еден од нив успеа да го изненади прашуваќи го каде исчезнале Маланг Сар (24) и Џејми Каминг (23).

„Не сакам да ве прашам за Лукаку, туку за двајцата играчи кои недостасуваат – Маланг Сар, кој беше позајмен минатата сезона, и што се случи со Каминг, кој играше на првиот натпревар со Рексам? праша новинарот.

“О Боже мој. Не знам што да ти кажам затоа што ме изненади. Тоа е како да си ме удрил со тупаница по лицето”, рече Покетино и ги насмеа сите.

ПретходноКанада броеше до 128, Либан демолиран
СледноУганда слави: Киплангат победник на маратонската трка во Будимпешта