Саво Милошевиќ повторно на кормилото на Партизан

741

 

Српскиот фудбалски гигант Партизан ќе го промени тренерот по денешниот меч со Јавор, па место Игор Дуљај на клупата повторно ќе седне Саво Милошевиќ, пишува „Спортски журнал“. Ова воедно ќе биде враќање на Милошевиќ во „црно-белите“ редови после минатото лето, кога се откажа пред потпишување на договорот, а екипата место него ја презеде Гордан Петриќ. Претходно поранешниот српски репрезентативец работеше во Партизан од март 2019 до 1 септември 2020 година.

Партизан по дебаклот до Данска е пред болна елиминација од Европа, а Милошевиќ ќе треба да ги поправи работите и тимот од Хумска да тргне напред.

ПретходноФедерацијата и се заканила на Ермосо за контроверзниот бакнеж од Рубиалес!?
СледноСпектакл во Штип: Дерби на Истокот…Брегалница против перфектната Брера Струмица