Супер дерби во Ла Лига попладнево одиграа Виљареал и Барселона кој заврши со 3:4. Фантастичем меч, голеада и на крај со гол на Левандовски каталонскиот гигант дојде до голем триумф.
А се почна со головите на Гави и Де Јонг за 0:2 уште во 15.минута. Виљареал врати Фојт и Форлот за да со 2:2 се замина на пауза. Само што почна второто полувреме Баена стрелаше за 3:2 за Виљареал. Но и тоа не беше доволно за победа, Барса до крајот со головите на Торес и Левандовски дојде до 3:4 и до три големи бода.