Тер Штеген продолжи со Барселона, во договорот има висока откупна клаузула

64

Барселона објави дека голманот Марк Андре тер Штеген потпишал нов договор со важност до 30 јуни 2028 година. Во договорот на Германецот е ставена и откупна клаузула од 500 милиони евра.

Тер Штеген и се приклучи на Барселона во мај 2014 година од Борусија Менхенгладбах. За девет години во клубот, освои пет шампионски титули, пет шпански Купа, по еднаш во ЛШ и Светско клупско првенство.

 

ПретходноMeси играше само половина час и го постигна дебитантскиот гол во МЛС
СледноОд Пожаревац, преку Белград и Бостон до Челзи – нов голман на „Стемфорд Бриџ“