Турција суспендира двајца кошаркари кои одбија да играат за репрезентацијата

498

Кошаркарската федерација на Турција презема акција против натурализираните играчи Шејн Ларкин и Скот Вилбекин, кој одбија да играат за националниот тим во преквалификацискот турнир за Олимписките игри ова лето.

Двајцата кошаркари се суспендирани на пет натпревари и парично казнети со 3,150 евра.

Турците не се пласираа на ОИ 2024 во Париз по поразот од Хрватска. Претходно и Ларкин и Вилбекин играа во квалификациите за СП.

По суспензијата се огласи Ларкин кој кажа дека не играл затоа што бил повреден. Тој им се извини на навивачите, покажувајќи љубов кон Турција и најави дека ќе продолжи да игра за националниот тим.

Тој исто така објасни дека се лекувал во Мајами и дека коленото не му било целосно залечено. Тој отпатувал во Истанбул, а докторите од националниот му забраниле да игра. По второто скенирање немало подобрување, а тој не сакал да игра под инјекции и апчиња и да се става во ризик да ја влоши состојбата.
Но ја разбира одлуката на КФ на Турција и ќе ја прифати казната.

ПретходноПМФЛ: Работнички ја дочекува непобедливата Шкендија, Шкупи против Гостивар, Тиквеш со Воска и Силекс домаќин на “лавовите“!
СледноИзненадување на Мундобаскетот: Доминикана ја совлада фаворизираната Италија