Уганда слави: Киплангат победник на маратонската трка во Будимпешта

81

Уганданецот Виктор Киплангат е победник на маратонот на Светското првенство во атлетика чиј домаќин е Будимпешта.

Делницата долга 42 километри и 195 метри Киплангат ја истрча за 2:08:53 часа.

„Кога стигнав до 30-тиот километар се чувствував силен и решив да додадам гас. Имав многу енергија и тоа ми овозможи да наметнам темпо кое знаев дека ќе го издржам, а кое се покажа пресилно за ривалите“, изјави Киплангат.

Покрај него на подиумот се најдоа второпласираниот Израелец Мар Тефери и бронзениот Етиопјанин Леул Гебресиласе.

Светското првенство во атлетика завршува денеска.

ПретходноПокетино не си ги знае играчите: О, Господе! Не знам што да ти кажам (ВИДЕО)
СледноНедановски: Знаев дека ќе играат брз ракомет, се плашев дали ќе издржиме!