Неверојатната Фемке Бол приреди голема сензација на штафетната трка 4х400 метри во женска конкуренција, обезбедувајќи и го златпото на Холандија со неверојатни 50-тина метри во последната четврта замена, кога од третото место се проби до првата позиција и ја анулираше големата предност која ја имаа атлетичарките од Јамајка, кои на крајот останаа сребрени. Времето со кое Холандија дојде до златото е најдобар резултат сезонава во оваа дисциплина – 3:20.72 минути.
Јамајка го освои среброто, додека бронзата им припадна на Британките.
“𝑳𝒐𝒐𝒌 𝒂𝒕 𝑩𝒐𝒍!” 🤯
Femke Bol comes from nowhere to win gold for Netherlands in the women’s 4x400m relay 🇳🇱 pic.twitter.com/2pFAR0dtUd
— Eurosport (@eurosport) August 27, 2023
Во машката штафета 4х400 метри, Холандија за првпат во историјата стигна до финалето и на крајот го освои 7. место. Златото им припадна на Американците кои доминира аво сите четири замени, додека Франција изненадувачки дојде до сребрениот медал. Бронзени беа атлетичарите од В. Британија.
Јарослава Махучих од Украина го освои златото во скок во височина. Таа беше единствената која прескокна 2,01 метар. Австралијките Елинор Патерсон (сребро) и Никола Олислагерс (бронза) останаа на 1,99 метри.