Meси играше само половина час и го постигна дебитантскиот гол во МЛС

179

Ново шоу на Лионел Меси во Америка. Дебитираше во МЛС лигата и тоа влезе во игра во 60. минута и до крајот на мечот со Њујорк Ред Булс постигна гол со кој ја потврди победата на својот Интер Мајами.
Преку 26.000 навивачи аплаудираа на прекрасната акција по која Меси го реализира погодокот и ја потврди победата на Интер. Инаку, тоа е првиот официјален меч на Аргентинецот во МЛС, претходно даваше голови во куповите.
Првиот гол беше дело на парагвајскиот играч за врска Диего Гомез во 37.минута.

ПретходноЏирона четврти пат по ред слави над Севиља, a вторпат по ред на „Писхуан“
СледноТер Штеген продолжи со Барселона, во договорот има висока откупна клаузула