Фудбалерите на Баерн (M) го совладаа Аугзбург во Минхен со 3:1 во второто коло од германската Бундеслига. Баварците имаат максимален учинок на стартот од сезоната, а Аугзбург остана на еден освоен бод.
Баерн ги реши сите дилеми во првото полувреме во кое имаше предност од 2:0. Во 32. минута, Удоки си постигна бизарен автогол за предност на шампионот, а во 40. минута Баерн доби пенал, кој Хари Кејн го претвори во гол, за 2:0.
Во вториот дел Баерн не успеа да ја наполни мрежата на гостите до врв. Сане, Гнарби и Упамекано пропуштија големи шанси, но не и Хари Кејн, кој во 69. минута ја круниса брилијантната серија и додавањето на Алфонс Дејвис за да го постигне својот втор гол со што зголеми на 3:0.
Конечниот резултат го постави Хрватот Дион Бељо во 86. минута кога намали на 3:1.