ПМФЛ: Работнички ја дочекува непобедливата Шкендија, Шкупи против Гостивар, Тиквеш со Воска и Силекс домаќин на “лавовите“!

280

 

Денеска е ден за 5.коло во ПМФЛ. Од 16 часот се играат пет натпревари,оној меѓу Струга ТЛ и Вардар е одложен за ноември поради европските обврски на шампионот.

Секако дека супер интересно ќе биде во Штип каде играат Брегалница и Брера Струмица, но дербито на колото се игра на Маџари во кое се среќаваат Работнички и Шкендија.

Тимот од Градски парк, иако апострофиран како голем кандидат за највисок пласман, повторно почна да “поткашлува“кога игра на гости, додека Шкендија не знае за ништо друго освен за победи. Досега одигра три меча и на сите славеше победа. Тетовци обожуваат да играат против Работнички, барем според традицијата, тој клуб им е редовен пациент што се вели, но ќе видиме дали денеска Работнички ќе успее да ја прекине победничката серија на Шкендија.May be an image of 3 people, people playing football, people playing soccer and text

Шкупи на свој терен на Чаир го дочекува Гостивар, тимот кој досега ова лето се засили со неверојатни 18 нови имиња, последен на списокот е Нигериец кој играл за Динамо Загреб и Шериф.

Сепак Шкупи е фаворит на хартија, и се освен победа на тимотна стратегот Чихат Арслан ќе биде изненадување.

Разиграниот Тиквеш посакува нова победа и тоа против Воска. Секоја чест за дебитантот во ПМФЛ, но ако кавадарчани одиграат како и досега, Воска нема што да бара на овој натпревар.

Во Кратово силите ќе ги одмерат Силекс и Македонија ЃП. По обичај тоа ќе биде тврд меч, неизвесен, со многу борба. Тој што ќе биде поумешен во реализацијата на своите шанси тој и ќе победи.

ДВОЈКИ ЗА 5.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

ТИКВЕШ – ВОСКА

БРЕГАЛНИЦА – БРЕРА СТРУМИЦА

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА

ШКУПИ – ГОСТИВАР

СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП

01.11.20223

СТРУГА ТЛ – ВАРДАР

ТАБЕЛА

Брера Струмица 12, Шкендија (-1) 9, Тиквеш 6, Брегалница 6, Работнички 6, Силекс 5, Шкупи 5, Македонија ЃП 4, Струга (-2) 3, Воска (-1) 3, Гостивар 3, Вардар 1…

ПретходноШК Алкалоид со убедлива победа во дербито на почетокот на Екипниот шампионат
СледноТурција суспендира двајца кошаркари кои одбија да играат за репрезентацијата