Алкалоид подобар од Сесвете на третиот тест-меч во Хрватска

189

Алкалоид ја запиша првата победа на својата мини-турнеја со пријателски натпревари во Хрватска. Македонскиот вицешампион вчера во натпревар против екипата на Сесвете славеше со 29:28.

Сесвете е тим кој минатата сезона ја заврши на третото место во хрватскиот шампионат, зад Нексе и Загреб. Инаку, мечот мина израмнето во најголемиот дел, а во финишот Алкалоид поведе со три гола и успеа да ја сочува предноста за победа.

Бинго со 7 гола беше најефикасен кај Алкалоид, додека Серафимов постигна 6 гола. Стојкивиќ и Стојков постигнаа по три погодоци.

ПретходноПочнува последниот Грен Слем: Ѓоковиќ го напаѓа 24. трофеј, Алкараз го брани тронот
СледноГвардиола ја зголеми понудата: 60 милиони евра од Сити за Матеус Нунеш