Гвардиола ја зголеми понудата: 60 милиони евра од Сити за Матеус Нунеш

255

Манчестер Сити вчера испратил нова пообрена понуда за играчот од средниот ред на Вулверхемптон, Матеус Нунеш. Првично, „волците“ одбија 50 милиони евра, а сега „граѓаните“ ја зголемија понудената сума на 60 милиони.

Португалецот останува главна цел на англискиот шампион и овојпат, Гвардиола и управата се чувствуваат сигурни во договоро. Со играчот веќе успеале да ги договорат сите лични услови.

Нунеш пристигна кај Волвс пред една година за 45 милиони евра од Спортинг.

ПретходноАлкалоид подобар од Сесвете на третиот тест-меч во Хрватска
СледноСтартува Евроволеј 2023: Македонија во среда против Данска почнува на историското Европско!