Документарецот за Дарко Панчев прогласен за најдобар филм за личност во спортот

408

Филмот за Дарко Панчев „Патот на Кобра до ѕвездите“ е прогласен за „најдобар филм за личност во спортот“ на 12. Меѓународен спортски филмски фестивал во Златибор.

Филмот раскажува за животот и кариерата на легендарниот фудбалер Вардар од Скопје и Црвена звезда.

„Прекарот Кобра за Дарко Панчев се однесува исклучиво на фудбалот, бидејќи во играта се истакна со недостижна брзина на потези што резултираше со неповторливи голови. Во неговиот реален живот, надвор од фудбалската магија, тој е стандард – мерило за наклонетост и пријателство, прво во семејството, и секаде каде што животот го носи, како плима на добрина. Затоа го препорачуваме овој филм како лек против актуелната реалност, која е во сериозен недостиг од основните човечки вредности“, се вели во објаснувањето на жирито на Меѓународниот фестивал за спортски филм во Златибор.

Наградата во негово име во салата на Центарот за култура во Златибор ја примија неговите три убавици – сопругата Маја и ќерките Надица и Марија.

ПретходноКапитенот на Рома: Не знам што може да ни донесе Лукаку
СледноКомпани: Закрепнувањето на Чурлинов е близу до чудо!