Унгарските медиуми денеска пишуваат дека македонскиот репрезентативец Дориан Бабунски е пред трансфер во швајцарскиот прволигаш Грасхоперс. Бабунски вчера не беше во составот на Дебрецин за мечот со МТК во домашното првенство, што дава индикации дека трансферот во Швајцарија е веќе завршена работа.
Бабунски ќе си замине од Дебрецин по само една и пол година, откако му се приклучи на клубот во јануари 2022 година. Претходно играше за бугарски Ботев Враца.
Минатата сезона Бабунски беше избран за најдобар фудбалер во Дебрецин.