Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор поради повредата заработена на последниот меч со екипата на Селта, по се изгледа ќе остане надвор од терените цел месец.
Бразилецот заработи повреда на задниот дел од десниот бут на мечот со Селта во петокот и пред време мораше да ја заврши средбата. Според новинарот Еду Агире, повредата се покажала посериозна отколку што првично се мислеше.
„Винисиус најверојатно имал руптура на мускулот. Поради ова, тој може да остане надвор од терените меѓу 4 и 6 недели“, тврди новинарот на АС.