И официјално, Доријан Бабунски има нов клуб, а тоа е Грасхоперс, еден од најпознатите и најголеми клубови во Швајцарија. Во текот на изминатите денови се водеа разговори кои денеска завршија со потпис на договорот и се разбира со промоција.
Секако дека ова е голем трансфер за нашиот репрезентативен напаѓач, кој во изминатиот период играше и тоа одлично за Дебрецин од Унгарија.
Инаку помладиот од браќата Бабунски (26), досега во својата каруера играше и за Ботев Враца,претходно беше и во Јапонија, како и во Радомље, Олимпија, Фуеанлабрада, а дел од својата младинска кариера ја мина и во школата на Реал Мадрид.
Договорот меѓу Бабунски и Грасхпорс е со важност од 2+1 година.