Габри Веига, одличниот играч за врска на Селта и голема желба на Реал и Наполи, замина во саудиски Ал Ахли. Веига се истакна минатата сезона во Ла Лига. Во текот на првата комплетна и сега единствена сезона во една од најсилните лиги, постигна 11 и намести 4 гола на 36 натпревари. Саудијците му платија на Веиг 40 милиони евра, а сега на социјалните мрежи го исмеваат Наполи.
„Следната сезона доаѓаме кај вас и ќе ја купиме Лоботка. Тргнете ни се за да не ве казнуваме повторно“, е пораката на шефот на Ал Ахли до Аурелио Де Лаурентис, претседателот на Наполи.
Now it’s officially announced, next season we’ll come to you and take Lobotka, get out of our way so we don’t punish you again 😎
–@ADeLaurentiis https://t.co/hhOC8Pr7gf
— حسام القحطاني (@H_Alqhtanii) August 26, 2023
Саудијците на тој начин му порачаа на Де Лаурентис да не се меша во нивните работи, а оваа нивна реакција се поврзува и со Виктор Осимен.
Наполи стави „антисаудиска“ клаузула на договорот на својот напаѓач. Клубот бара цифра од 150 милиони евра, а Осимен и менаџерот 110 милиони. Со 26 гола минатата сезона Осимен беше најдобар стрелец во Серија А и најдобар играч на Наполи, кој убедливо стана италијански шампион.