Македонскиот интернационалец Иван Тричковски беше стрелец на гол во возбудливиот меч полн со пресврти и реми меѓу АЕК Ларнака и Етникос со 5:5. АЕК на домашен терен по 20 минути губеше со 1:3, а Тричковски стрелаше за 3:3.
На полувреме беше 4:4, домашниот тим поведе со 5:4, гостите изедначија. Во 90 минута Гарсија постигна гол за ново водство на АЕК, но по реакција на ВАР беше поништен.
Резултатот остана 5:5, а освен Тричковски, кој стрелаше во 30 минута, другите четири голови за АЕК си постигна Шпанецот Фран Сол.