Ужасен меч на Рајо и Димитриевски – добија „седумка“ од Атлетико

711

Македонскиот голман Столе Димитриевски ги прими првите голови во шпанската Ла Лига. Тоа се случи вечерва на „Ваљекас“ во дуелот од 3.коло против Атлетико Мадрид. Катастрофалниот настап на домашниот тим на крајот ги чинеше убедлив пораз од 7:0. Уште во втората минута на одлична асистенција на Де Паул погоди Гризман, а во 16 минута Депај го зголеми водството, а во 36. минува Молина погоди за 3:0 во корист на Атлетико.

Во 73 минута Алваро Мората зголеми на 4:0, истиот играч погоди и за 6:0, а за 5:0 стрелаше Анхел Кореа, додека конечниот резултат го постави Љоренте.

Атлетико има седум бода со две победи и едно реми, Ваљекано има две победи и еден пораз.

Идното коло Рајо ќе му гостува на Бетис, додека Атлетико ќе игра дома против Севиља.

 

ПретходноИталија ја „растури“ Белгија на стартот на одбојкарското ЕП
СледноНовак Ѓоковиќ повторно е број еден!