Црна Гора ги одреди 14-те одбојкари со кои доаѓа на ЕП во Скопје

148

Селекторот на машката одбојкарска репрезентација на Црна Гора, Иван Јоксимовиќ го објави конечниот список на патници за Европското првенство во Скопје.

Црногорските одбојкари се вториот ривал за Македонија на ЕП во нашиот главен град и едне о дклучните ривали за евентуален пласман во осминафиналето. Црна Гора својот настап на шампионатот ќе го започне во четврток на 31 август од 17 часот со меч против Холандија.

На списокот на селекторот на Црна Гора, Јоксимовиќ се најдоа 14 одбојкари:

ТЕХНИЧАРИ: Растко Миленковиќ, Данило Дубак, Марко Јоксимовиќ

КОРЕКТОРИ: Александар Миниќ, Бојан Стругар, Ѓорѓе Јововиќ

ПРИМАЧИ: Војин Чаќиќ (капитен), Марко Бојиќ, Иван Звитер

СРЕДНИ БЛОКЕРИ: Блажо Милиќ, Лука Бабиќ, Никола Ѓуровиќ

ЛИБЕРА: Јован Делиќ, Милан Ровчанин

ПретходноРома денеска ќе ја комплетира позајмицата на Лукаку
СледноНов проблем за Анчелоти: Реал најмалку еден месец без Винисиус