Алкалоид ја запиша првата победа на својата мини-турнеја со пријателски натпревари во Хрватска. Македонскиот вицешампион вчера во натпревар против екипата на Сесвете славеше со 29:28.
Сесвете е тим кој минатата сезона ја заврши на третото место во хрватскиот шампионат, зад Нексе и Загреб. Инаку, мечот мина израмнето во најголемиот дел, а во финишот Алкалоид поведе со три гола и успеа да ја сочува предноста за победа.
Бинго со 7 гола беше најефикасен кај Алкалоид, додека Серафимов постигна 6 гола. Стојкивиќ и Стојков постигнаа по три погодоци.