Војна меѓу Американците: Најбрзиот во светот против НБА ѕвездите – веднаш стигна одговор!

878

Американскиот атлетичар Ноа Лајлс минатата недела официјално стана најбрзиот човек на планетата. Откако го освои златниот медал на 100 и 200 метри на Светското првенство во Будимпешта.

Тој привлече големо внимание пред Олимписките игри во Париз следната година, каде што ќе се обиде да стане првиот Американец по 2004 година кој ќе го врати дома олимпиското злато.

Но, уште пред да се обиде да го направи тоа, им одржа лекција на својот народ.

„И додека во САД не го гледаат Светското првенство како особено важно натпреварување, само погледнете како големите НБА ѕвезди решија да го „прескокнат“ Мундобаскетот“, Лајлс вака го почна својот говор, а потоа додаде:

„Светски шампион на што!? Соединети Држави? Знаеш што ме боли најмногу? Кога го гледам финалето на НБА, знакот „светски шампиони“ виси над нивните глави. Светски шампиони на што? Не ме сфаќајте погрешно. Навистина ја сакам мојата земја САД. Спортистите го носат своето знаме за да покажат кого претставуваат. Во НБА нема знамиња“, изјави расположениот Ноа Лајлс.

На овој негов говор секако имаше и одговор од НБА-ѕвездите а прв се огласи Кевин Дурент.

„Некој да му помогне на овој брат“. Ваквиот став го поддржа и неговиот соиграч од Феникс, Девин Букер, додека Арон Гордон изјави дека „лесно ќе го прегази Лилс на 200 метри“.

ФОТО: TWITTER/EUROSPORT/SCREENSHOT/MN PRESS

ПретходноЕвроволеј 2023: Холанѓаните и Данците денеска први пристигнуваат во Скопје
СледноМал скок на Ѓорческа и Стоилковска на ВТА листата