Дончиќ ја „уништи“ Грузија, Јорданец постигна тројка во стилот на Коби (ВИДЕО)

310

Словенија на крилата на Лука Дончиќ дојде до втората победа на Мундијалот. Овој пат неговата репрезентација беше подобра од Грузија со 85-67. Клучната разлика „змјачеките“ ја направија во втората четвртина која ја добија со 16-29.

Грузија се покажа како тврд противникот, но квалитетот на Словенија на чело со Дончиќ си го стори своето, веќе на стартот на последниот период беше јасно дека ова ќе биде лесна завршница за фаворитот. Словенија отвори со 9-0 за водство од 50-72.

Словенија е прва во групата Ф со максимален скор, следуваат Грузија и З.острови со победа и пораз, додека Венецуела е последна.

Лука Дончиќ мечот го заврши со дабл-дабл од 34 поени и 10 скока, на кои им додаде уште 6 асистенции.

Нов Зеланд дојде до првата победа во групата Ц, откако го совлада Јордан по продолжение со 95-87. Регуларниот дел заврши со резултат 85-85 и тоа благодарение на неверојатната тројка на Џеферсон во силот на Коби Брајант. Пред истекот на регуларниот дел постигна чудесна тројка и го погоди слободното фрлање. На крајот зад своето име запиша 38 поени, кои не беа доволни за радост во редовите на неговата селекција.

До прв триумф, но во групата Г дојде Брегот на Слонова коска откако беше подобар од Иран со 71-69 и остана во игра за место во следната рунда.

ПретходноСаудијците со порака до Наполи: Тргнете ни се од патот, зошто повторно ќе ве казниме
СледноСрбија „газеше“, па се „глупираше“: Втора победа за момците на Пешиќ на Мундобаскетот