Историски триумф на Јужен Судан на Мундобаскетот

373

Репрезентацијата на Јужен Судан испиша историја на Светското првенство, ја совлада Кона со убедливи 89-69 и остана во игра за пласман во следната рунда.

Тамошната федерација во ФИБА друштвото влезе во 2013 година. Денеска дојде до голем триумф како дебитантот на Мундијалот.

Кошаркарите на Јужен Судан во втората четвртина поведоа со 39-28, а потоа во третата четвртина со серија од 10-4 повторно отиде на двоцифрени 63-53, доволно за голема радост. Џонс со 21 поен беше најдобар стрелец, зад своето име додаде 21 поен и 5 асистенции.

Кина, предводена од Саша Ѓорѓевиќ се најде во незавидна ситуација во групата Б, има два порази и веќе е јасно дека по групната фаза ќе се спакува.

Зеленортските острови славеа против Порторико за прва победа. Крајниот резултат беше 75-81. Во оваа група Ф се Словенија и Грзуија, две селекции без пораз, победникот ќе го осигура местото во следната рунда.

ПретходноЉафтов со специјално дизајнирани патики за првиот меч со Данска на ЕП 2023 (ФОТО)
СледноКапитенот на Рома: Не знам што може да ни донесе Лукаку