Одбојкарите на Италија ја совладаа Белгија со 3:0 во сетови во Болоња на отворањето на Европското првенство во одбојка на кои се една од земјите домаќини, заедно со Бугарија, Израел и Македонија. „Аѕурите“ славеа со 25-17, 25-18 и 25-15.
Алесандро Микелето беше најдобар поентер кај Италија со 13 поени, а Роберто Русо имаше 12 поени.
Кај Белгија со 11 поени се истакна Фере Регерс.
Следен противник на Италија е Естонија, а Белгија ќе игра со Србија.
Foto>European Volleyball