Клоп за неверојатниот пресврт со 10 фудбалери: Ова не сум го доживеал во моите 1000 натпревари!

686

Ливерпул вчера направи голем подвиг со победата кај Њукасл со пресврт во последните 15-тина минути и тоа во меч во кој во најголемиот дел играше со играч помалку.

Дарвин Нуњез, кој влезе од клупатa, успеа да постигне два гола откако Ливерпул беше надигран во најголемиот дел од мечот.

„Мислам дека во моите 1.000 натпревари како играч и тренер не сум доживеал вакво нешто. Тоа е вистината. Не дека не правеле пресврти. Овој пат тоа го направивме со десет играчи и во една неверојатна атмосфера. Прилично сум сигурен дека тоа досега не му се случило, бидејќи овие моменти се ретки и супер посебни. Но, чувствувам дека момците го заслужија тоа денес бидејќи со 10 играчи на теренот одигравме подобро и му дадовме вистинска борба на Њукасл. Пред тоа беше малку лудо со очигледна предност за Њукасл. Не игравме доволно смирено и чувствувавме притисок кога не ни требаше“, изјави менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп по средбата.

ПретходноФрлени цигли врз автобусот на Астон Вила на враќање од Барнли
СледноОФИЦИЈАЛНО: Манчини за 20 милиони евра годишно стана селектор на С. Арабија