Македонецот има нов клуб: Нестор се договори со Асколи!

1103

Илија Несторовски се чини дека има нов клуб. Не Тернана, не Сампдорија, туку Асколи.Ова денеска го јавува Џанлука Ди Марцио,еден од оние “специјалисти“ за трансфери. Исто така се нагласува дека двете страни се договориле за соработка,останува утре само да се извршат лекарските прегледи и да се промовира Несторовски во дресот на Асколи.

Инаку тимот од Серија Б досега во во новата сезона нема постигнато гол, па затоа и го посакува Македонецот да се стави крај на таа лоша реализација.

ПретходноСупер вест за Тухел: По 8-9 месеци пауза од денеска капитенот на Баерн на тренинг! (ФОТО)
СледноСАД со рутински триумф над Грција стави печат на следната фаза!