Модриќ во Интер Мајами: Дали Бекам во Хрватска на одмор го заврши новиот мега – трансфер?!

2653

Неколку недели наназад се говори дека Лука Модриќ би можел да си замине од Реал Мадрид. Посебно овие гласини се засилија поради фактот дека Хрватот во последно време не е меѓу стартерите кај Карло Анчелоти.Интересно е што Лука дел од својот одмор го мина во својата земја, на море, а таму беше и Дејвид Бекам со семејството. Секако дека дојде до средба меѓу нив а во медиумите во Шпанијаи Хрватска почнаа шпекулациите дека Бекам го договорил трансферот на Модриќ во Интер Мајами. Ако не сега тогаш секако по крајот на оваа сезона кога на Хрватот му истекува договорот со “кралевите“.

Секако дека за овој трансфер ништо против нема и Лео Меси, на кого му се потребни квалитетни соиграчи да дојде до титулата во МЛС со клубот од Мајами.

ФОТО: Twitter

ПретходноШок: Еден Азар на 32 години ќе објави крај на кариерата!
СледноИлиевски пред отказ: Захариевски на клупата на Работнички!?