Уште еднаш се потврди што значат нашите репрезентативци Иван Николов и Сефер Емини за данскиот Сондерјиске. Тим кој што попладнево меч од тамошниот шампионат во втората дивизија славеше со 1:2 како гостин кај тимот на Хобро.
Стрелци на двата гола беа токму Емини и Николов. Прво Емини во 24.минута донесе водство, за да домашните израмнија на 1:1. Следуваше голот на Николов во 53.минута за победа на Сондерјиске.
Со оваа победа тимот на Емини и Николов сега се наоѓа на 2.место на табелата само со бод помалку од водечкиот Алборг.