Новак Ѓоковиќ на победа од врвот на АТП-листата

1207

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и оваа недела е на второто место на АТП листата со 9.795 бодови, но ситуацијата многу брзо ќе се промени.

Пред почетокот на УС Опен, првопласираниот Шпанец Карлос Алкараз има 9.815 бодови, само 20 повеќе од Новак. Србинот лани не играше на УС Опен, а Шпанецот ја брани титулата и сите 2.000 бодови, па се е јасно.

Ѓоковиќ ќе биде во позиција да се врати на светскиот врв доколку победи само во првото коло на УС Опен, што не треба да се доведува во прашање против Французинот Милер.

Трет на листата од овој понеделник е Русинот Медведев, а потоа следуваат Данецот Руне, Руд, Синер, Циципас, Рубљев, Фриц и Тиафо.

ПретходноУште еднаш чудото на Маџари кое долго ќе се раскажува! (ВИДЕО)
СледноУ-16: Македонија поразена од Турција!