ОФИЦИЈАЛНО: Манчини за 20 милиони евра годишно стана селектор на С. Арабија

260

Роберто Манчини од синоќа и официјално е нов селектор на Саудиска Арабија.

„Испишав историја во Европа. Време е да се направи историја со Саудиска Арабија“, рече 58-годишниот Италијанец по официјалното објавување на веста.

Според договорот, Манчини ќе остане на кормилото на Арапите најмалку до 2026 година, а ќе добива годишна плата од 20 милиони евра.

„Воодушевен сум и почестен што сум назначен на ваква престижна функција, што укажува на признанието и високото ценење за мојата работа направена низ годините. Се согласив да преземам нов возбудлив проект заснован на заедничка визија и посветеност за развој на националниот фудбал, младите фудбалери и идните генерации. Тоа отсекогаш ми било при срце. Верувам дека ова назначување е признание за важноста на италијанскиот фудбал и ќе продолжам со гордост да ја споделувам италијанската култура“, напиша Манчини.

ПретходноКлоп за неверојатниот пресврт со 10 фудбалери: Ова не сум го доживеал во моите 1000 натпревари!
СледноПочнува последниот Грен Слем: Ѓоковиќ го напаѓа 24. трофеј, Алкараз го брани тронот