Паника во Реал и Барса: УЕФА ќе ги исфрли од Лигата на Шампионите?!

1195

По се она што се случува со Луис Рубиалес, првиот човек на Фудбалската федерација на Шпанија, драма и паника во редовите на Реал Мадрид и Барселона. Имено се бара од УЕФА, со оглед на тоа дека Рубиалес одбил да даде оставка од местото прв човек на Федерацијата, да се исфрлат сите клубови од Европа за следната сезона, а меѓу нив секако и Реал Мадрид и Барселона од Лигата на Шампионите. Покрај гигантите вакво нешто секако дека ќе се одрази и за Атлетико Мадрид, Сосиедад, Виљареал, Бетис и Осасуна. Сите овие клубови би требало да играат во групната фаза во ЛШ, ЛЕ и ЛК.

Дека случајот со Рубиалес преминува во мега – скандал, доказ е и тоа дека цела фудбалска Шпанија е на нозе. Последиците се страшни.

ПретходноИ Гранде Пандев му честиташе на Чалам!
СледноШкупи се “ослободи“ од Бразилецот Дуду Сампаијо!