Рома денеска ќе ја комплетира позајмицата на Лукаку

120

Рома денеска би требала да го затвори трансферот за Ромелу Лукаку од Челзи. Според информациите од Италија, денешниот ден се очекува да биде одлучувачки ден за преселба на Лукаку во Рим.

„Скај Италија“ соопшти дека откако вчера се одржале позитивни контакти меѓу двата клуба на тема „позајмица“, раководните лица на Челзи заминале во Франција да го гледаат мечот на Стразбур. Денеска е договорено да се комплетираат документите, по што Лукаку ќе се пресели во составот на Мурињо.

Лукаку ќе се откаже од 4 милиони евра годишно за да го реализира трансферот во „римската волчица“, а Рома се согласила да исплаќа исто така висока плата за неговата позајмица. Ако се заврши како што треба, Белгиецот ќе има промоција пред претстојниот натпревар против Милан.

ПретходноИскуството си го направи своето – максимални победи на „Алкалоид“
СледноЦрна Гора ги одреди 14-те одбојкари со кои доаѓа на ЕП во Скопје