САД со рутински триумф над Грција стави печат на следната фаза!

77

Очекувано па и лесно, односно рутински. Селекцијата на САД во меч од 2.коло во групата – Ц, успеа да дојде до втората победа на СП,откако успеа да слави попладнево и против Грција со 109:81.

Освен малата резултатска рамнотежа на стартот од мечот, потоа одеше се според планот на Американците. Брзо дојдоа до солидна предност која во текот на целиот меч немаа намера да ја испуштат. Грчките кошаркари се обидиваа барем да се заканат, но тогаш на сцена стапуваше квалитетот на Американците кои едноставно не го дозволуваа тоа.

Па така им оставуваше само со некои индивидуални потези да ја “запалат’“ публиката,но и тоа им беше бадијала. Со оваа победа САД и дефинитивно стави печат на пласманот во следната фаза,меѓу 16-те најдобрина СП.

Најдобри поентери кај САД беа Ривс со 15 поени и Брунсон со два помалку, додекакај Грците најефикасен беше Папаџијанис 17 поени.

ПретходноМакедонецот има нов клуб: Нестор се договори со Асколи!
СледноОбвинителството покрена истрага против Рубиалес, а неговата мајка почна штрајк со глад!