Сигурни бодови за Интер на Сардинија (видео)

107

Екипата на Интер ја забележа втората победа во второто коло од италијанската Серија А. Вечерва на стадионот „Унипол Домус“ на Сардинија, поранешниот италијански шампион славеше со 2:0 со два гола во првото полувреме.

Резултатот го отвори дефанзивецот Дензел Дамфрис во 21. минута (ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ), а девет минути подоцна Лаутаро Мартинез стрелаше за конечни 2:0 (ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ).

Статистички, „нероаѕурите“ беа далеку подобар противник, имаа поголем посед на топка, повеќе удари на гол вклучувајќи во и надвор од рамките на голот. Мартинез на почетокот на мечот и Чаланоглу во финишот ги погодија стативите од голот на Каљари.

ПретходноИлиевски пред отказ: Захариевски на клупата на Работнички!?
СледноУС Опен: Само што почна еден од фаворитите испадна