Србија „газеше“, па се „глупираше“: Втора победа за момците на Пешиќ на Мундобаскетот

577

Србија засега без проблем „вози“ на Светското првенство. По убедливиот триумф над Кина на стартот, „орлите“ без проблем го совладаа и составот на Порторико (77-94) и се зацврстија на првото место на табелата во групата  Б, односно се чекираа во следната рунда.

Избраниците на Светислав Пешиќ мечот го решија во првото полувреме, по кое имаа предност од 27-57 поени. По одморот Порторико се обиде да ја искористи опуштеноста на кошаркарите на Србија, кои влегоа во еден лош ритам, спротивен на оној во првото полувреме. Го доби третиот период со 31-18, но немаа сили за пресврт.

Богдановиќ имаше 17 поени исто колку и Јовиќ, два поени помалку постигна Аврамовиќ, двоцифрен беше и Милутинов со 12 поени и 15 скока. На другата страна Пинеро имаше 14 поени.

ПретходноДончиќ ја „уништи“ Грузија, Јорданец постигна тројка во стилот на Коби (ВИДЕО)
СледноСупер вест за Тухел: По 8-9 месеци пауза од денеска капитенот на Баерн на тренинг! (ФОТО)