“Фуријата“ долго го кршеше отпорот на Бразил и на крај сепак успеа да слави со 96:78 и со тоа да дојде до втората победа на вториот меч во групата – Г на СП во кошарка.Попладнево во Арената во Џакарта, четата на селекторот Скариоло ја загуби првата четвртина, и тоа со 20:21. За да потоа се врати силовито во втората четвртина. И кога требаше најмногу, пред се во последната четвртина, Шпанија покажа дека има квалитет и тоа каков во себе и на крајот забележа убедлива победа над Бразил.
Секако дека оваа селекција ќе мора и тоа како, по традиција, да се смета, ако се знаат амбициите на “Фуријата“. Селекција која во двата меча покажа квалитет. Бразил пак ќе мора во последниот, третиот меч во оваа група да ја “извади“ визата за следната фаза.
На денешниот меч, кога сме кај кошгетерите, кај Шпанците најефикасен беше Алдама со 15 поени, додека кај Бразилците се истакна Кабокио исто со 15 поени.