Љафтов со специјално дизајнирани патики за првиот меч со Данска на ЕП 2023 (ФОТО)

364

Македонскиот одбојкарски „бомбардер“, Александар Љафтов со специјални патики ќе настапи на годинешното Европско првенство во Скопје. Популарниот „Љафта“ доби специјално дизајнирани патики за премиерата на Евроволеј 2023 в среда, кога Македонија ќе стартува дома против репрезентацијата на Данска.

„Патиките се специјално дизајнирани и изработени од Лука и неговиот тим од LvL Custom Footwear. Ќе бидат посебна инспирација за ова Европско кое го играме на наш терен, пред наши навивачи. Се надевам дека ќе биде гласно и моќно навивањето, а ние ќе дадеме се од себе да ги израдуваме фановите“, вели Љафтов.

ПретходноНухиу по инфаркт-победата над Работнички: Ова е прв меч од кој сум комплетно задоволен
СледноИсториски триумф на Јужен Судан на Мундобаскетот