И Гранде Пандев му честиташе на Чалам!

6865

Вчера во Штип, во Дербито на Истокот, Брегалница и Брера Струмица одиграа фантастичен меч. Победија “сините“ со 1:0 со голот на Фабрицио Венегас, а најголема заслуга за оваа победа оди кај голманот на штипјани, Давков кој прво му одбрани пенал на Врдољак, а потоа во судиското продолжение му одбрани и чист зицер.

Јасно е дека Брегалница со Горан Здравков – Чаламот е некоја друга димензија, ете тој и неговите момци ја прекинаа победничката низа на Брера Струмица, едноставно ја прекинаа “италијанската магија“.

А дека Гранде Пандев, претседателот на Брера Струмица е голем спортсмен, доказ е тоа дека и покрај поразот на неговиот тим, тој по натпреварот искрено му честиташе на Чаламот на победата на Брегалница.

Ете тоа е фудбалот, тоа е спортот. Така треба. Кога ќе победиш ќе ти честитаат, кога ќе бидеш поразен ќе честиташ.

А Горан Пандев знае како треба. Инаку и тој во друштво на својот брат Сашко Пандев вчера беше на стадионот во Штип каде на лице место го следеше овој супер натпревар од 5.коло во ПМФЛ.

ФОТО: FB na FKBregalnica

ПретходноОфицијално: Доријан Бабунски во дресот на Грасхоперс! (ФОТО)
СледноПаника во Реал и Барса: УЕФА ќе ги исфрли од Лигата на Шампионите?!