Ибраими: Очекувам дека на Исланд овојпат среќата ќе биде со нас, верувам дека можеме до групна фаза!

360

Во четврток на Исланд, нашиот шампион, тимот на Струга ТЛ на гости кај Бреидаблик ќе го одигра реваншот од плеј – офот во Лигата на Конференции. Познато е дека на првиот меч во Охрид, гостите славеа со 0:1, но треба веднаш да се каже дека ја имаа на тој меч сета среќа на овој свет.

Бесарт Ибраими и другарите искреираа барем 5-6 идеални шанси, во три наврати ја погодуваа и рамката на голот, едноставно голот на гостите како да беше магепсан.

За тоа дали може Струга ТЛ и покрај негативата од првиот меч сепак да избори пласман во групната фаза, за “Спортспорт“ свој коментар има Бесарт Ибраими, “бомбардерот“ на Струга ТЛ кој ова лето во Европа постигна седум голови или вкупно 26 во својата кариера во европските натпреварувања.

Минаа неколку дена од тој меч во Охрид и јас не можам да сфатам како тоа толку среќата да не беше со нас. Игравме добро, посебно јас имав неколку зицери, ја погодив и стативата. Но така е тоа во фудбалот, кога нешто не оди па не оди до крај. Се надевам дека на реваншот среќата барем малку ќе биде со нас. Јас сум уверен дека можеме да извлечеме резултат кој ќе не однеси во групната фаза“ вели Бесарт и продолжи сметајќи дека ништо не е загубено…

И покрај тие 0:1 од Охрид, сметам дека Струга ТЛ има квалитет да може да ја мине и оваа пречка. Потребна е само поголема присебност при реализацијата и се ќе биде како што треба. Секако дека Бреидаблик е во предност, игра дома, има и предност, но ние нема да се предадеме, ќе го дадеме својот максимум да оствариме пласман во групна фаза со кој ќе ги израдуваме сите фудбалски фанови во Македонија. Тоа ќе биде супер не само за нас играчите и клубот, туку и за мак -фудбалот воопшто“ заврши Бесарт Ибраими.

ПретходноУ-16: Македонија поразена од Турција!
СледноМанасков би можел да потпише за Е.Пелистер!